Иако најпрво била дисквалификувана поради прописите кои налагаат учесничките да мора да бидат родени како жени, транссексуалката Џена Талакова од Канада ја претставила својата земја на изборот за Мис Универзум, кој се одржува во “Bluma Appel” театарот во Торонто. Талакова, која потекнува од Ванкувер, е родена како маж, но пред четири години се подлегнала на операција за промена на полот. Таа се претставила во бело бикини, а потоа и во секси бел фустан, и ги воодушевила сите 15 членови на жирито.

Организаторите на изборот изјавиле дека по консултација со активистите за правата на хомосексуалците, започнале да работат на измена на официјалниот правилник како од 2013 година и транссексуалките би добиле можност да учествуваат на изборот за Мис Универзум. Кога дознале дека е родена како машко, организаторите ја оддалечиле од натпреварувањето, но наишле на големо неодобрување кај јавноста, публиката и фановите. Повеќе од 20 илјади лица потпишале онлајн петиција Талакова да се врати на натпреварот, и така одлучиле да направат исклучок и да ги променат правилата за следните натпреварувања.