Саксофонистот на СУПЕРХИКС, охриѓанецот Горан Папаз ја подготвува својата прва соло песна  “Разбуди се”. Се работи за инструментална песна, отсвирена на саксофон која некогаш била создадена на нашите простори, нешто што до сега не е чуено на македонската музичка сцена.

Оваа песна е само најава за проектот кој следува од овој млад и талентиран музичар.

Целта на “Разбуди се” е едноставно ширење на позитивни вибрации и примамување насмевки на секој кој ќе ја чуе.
Желбата на авторот е секој да си дозволи да ја почувствува енергијата која ја носи оваа песна и да ја разбере на свој,
посебен начин.

Како гостин во песната се појавува рап артистот Даз Флоу ( Дарко Иваноски ) со свој авторски текст кој кратко, ама слатко ја надополнува оваа нумера.

Музиката и аранжманот се на Горан Папаз и Гоце Симоноски.

Премиерно, “Разбуди се” ќе биде пуштена на 15.04.2011 година на Антена 5 Радио во 12 часот во емисијата “Светот на музиката” со Дани и Ана, а набрзо ќе можеме да видиме и видео запис на истата песна кој ќе биде направен од високопрофесионален тим во режија на Лира Џокич.


Аудио трејлерот од првиот сингл на Папаз

OhridNews