Советничките прашања се единствена точка на дневниот ред на 49-та седница на Советот на Општина Охрид што ќе се одржи денеска.
Денешната, воедно е и прва седница на Советот во 2008-ма година. Пред советниците и оваа година стои обемна работа, а според најавите најжешки точки и годинава ќе бидат тие од сферата на урбанизмот.
Најобемна програма и годинава има Секторот за урбанизам, во која се предвидени да се донесат повеќе Детални урбанизитички планови за атрактивни зони во општината. Предвидена е изградба на два деловно-станбени комплекси во центарот на Охрид кај маларачната и полигонот за мали спортови, како и изградба на повеќе хотели кај Горица, Детската болница, Даљан, Андон Дуков и на други места.
ohridnews