Во петок на 10-ти јули 2015 година со почеток во 20 часот, во Музеј Куќата на Робевци, свечено ќе биде отворена првата самостојна изложба на охриѓанецот Тони Попов. Изложбата е насловена „Дојди поблизу“ и на неа ќе бидат поставени 20 дела на овој уметник.
Тони Попов е самоук сликар. Под влијание на реализмот и фото-реализмот, неговите слики раскажуваат приказни, задржувајќи се на одреден детал, давајќи му важност на секој момент од нашето секојдневие.
Досега има учествувано на ИФЕС Меѓународна Групна Изложба во Екс ан Прованс, Франција, групна изложба на Меѓународниот Балкански арт фестивал, Меѓународен камп на уметници во Маасмехелен, Белгија, Меѓународниот саем за современа уметност Паратиссима во Скопје, каде влезе во првите 10 уметници и можност да ги претстави своите дела во Торино, Италија.
Изложбата ќе биде достапна за разгледување до 24-ти јули 2015 година.
OhridNews