Во големата сала на фестивалот ” Охридско лето ” синоќа беше отворена изложба со наслов “Фото – лирика ” од примариус доктор Лазар Коњановски .
Преку објективот на фотографскиот апарат, Коњановски ги овековечува навидум ситните но големи нешта кои ја разгалуваат душата со убавина. Непретенциозно, но крајно искрено, тој ги дели со љубителите на фотографијата убавите мигови кои ги почувствувал во мигот на фотографирањето.
Примариус доктор Лазар Коњановски е роден во 1960- тата година во Охрид каде што и денес живее и работи. Еден е од основачите и прв претседател на Охридскиот Фото-клуб.
Симболично, ова е негова прва самостојна изложба поврзана со фестивалот ” Охридско лето “.
А. Ристоска