Охридскиот Народен Театар на 11 декември, ќе ја изведе новата претстава „Хотел ни на небо ни на земја”, работена според текст на Ерик Емануел Шмит, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Ирена Илиевска, Елизабета Стефановска, Стефан Николиќ и Мила Коруновска.
-Хотел ни на небо ни на земја“ Е. Шмит ја пишива 1999г. Протагонистите во неја се наоѓаат во една многу специфична состојба помеѓу животот и смртта, односно помеѓу овој и оној свет. Во една таква драмска ситуација ликовите се обидуваат да размислуваат за животот, за смртта , за смислата на човековото живеење, за бог и човековата слобода и на крај за љубовта. Претставата е очајнички обид на современиот човек заглавен во урбаното секојдневие, да собере храброст и по примерот на Прометеј да открадне барем малку од божјиот оган и светлина. – вели режизерот Љупчо Ѓоргиевски.
Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Андреј Ѓоргиевски, композитор на музикта е Марјан Неќак.
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев, инспициент: Филип Ангеличин – Жура, технички раководител: Зоран Левески, светло: Борис Велјаноски, тон: Митко Серафимоски, гардероба: Деса Лазороска, Линдита Мерко, реквизита: Соња Крстаноска, Маријана Николоска, сценски декоратери: Кире Ангелоски, Ѓоко Китоски, Горан Георгиески.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
OhridNews