Женскиот ракометен клуб Вардар ги запиша првите бодови во Лигата на Шампиони победувајќи го составот на Турингер 26-21.


До првата победа во новата сезона „црвено црните“ стигнаа на крилата од чуварот на мрежата Ина Суслина, која имаше неверојатни 29 интервенции.

Најефикасна ракометарка во Вардар беше Андреа Пенезиќ со осум погодоци, а разноврсноста во нападот им донесе прва радост на македонскиот првак.

Мх.П.