Македонскиот ракометен вицепрвак Струмица ја забележа првата победа на меѓународниот турнир во Струга совладувајќи го тимот на Динамо Букурешт со 25-24.
Романците во поголем дел од мечот го контролираа резултатот, но малиот блиц на „домаќините“ им донесе водството пред финишот на мечот кое мудро го задржаа до крајот.
Најпрецизен во составот на Струмица беше Чантурија со седум погодоци додека Пецаковски уфрли пет.
Фото : 24ракомет
Ohridnews