Младинците и пионерите на Ракометниот клуб Охрид забележаа победи на мечевите против Преспа на домашен терен.
Ракометарите предводени од Наум Бабачев со 23-17 го совладаа тимот Преспа од Ресен и стигнаа до првата победа сезонава.
Пионерите кои од клупата ги предводи Ѓоко Апостолов со 14-10 славеа над своите врсници од Преспа и ја запишаа третата победа во пионерската лига.
Мх.П.