Фудбалерите на Ренова, во вториот натпревар ја забележаа првата победа во подготвителниот период во Охрид откако со 5-0 (4-0) ја совладаа екипата на Кораби од Аланија. Во првиот меч „гипсарите“ изгубија од Лабуништа со 1-0.
Мрежата на Кораб ја погодија Селмани и Кадриу по два пати, додека еднаш во листата на стрелци се запиша Садики.
Убедливата победа добро ќе ни дојде за атмосферата во екипата и на тренинзите. Полека ја стабилизираме играта и заличуваме на екипата што сакам јас да видам на терените ширум терените во Македонија. Периодот кој ни следува ќе мора уште подобро да се подготвиме и да бидеме тврд орев за сите екипи во Првата лига. – изјави тренерот на Ренова, Бујар Османи.
Ренова против српскиот клуб Мачва ќе го одигра третиот контролен натпревар во Охрид. Мечот се игра во четврток со почеток во 13 часот.
OhridNews