Светскиот куп во скијање од сезоната 2022/23 во својот натпреварувачки календар за првпат во историјата ќе има прекугранична трка, чиј старт ќе биде во Швајцарија, а целната рамнина во Италија, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Трките во спуст и велеслалом во машка и женска конкуренции ќе се одржуваат во октомври или ноември на планината Матерхорн на Aпенинските Алпи, во чие подножје е лоциран познатиот зимски центар Цермат.

Патеката ја трасираше олимпискиот шампион во спуст од 2010 година, Швајцарецот Дидие Дефаго, а локалните организатори соопштија дека тоа ќе биде најдолгиот спуст во должина од пет километри со проектирано време од околу две минути и 45 секунди од стартот до целта.

– Многу сум возбуден што прифаќаме идеи, кои го придвижуваат нашиот спорт и нудат нови можности, порача претседателот на ФИС, Јохан Елиаш.

 

OhridNews