Манифестацијата беше збогатена и со крводарителска акција на која најхумани беа 15 крводарители кои ја даруваа драгоцената течност.
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на прва помош, на покана на Црвен крст Риека – Хрватска, Црвен крст Охрид испрати 4 свои активисти кои од 9-14 септември во Риека, заедно со претставници на уште 8 земји од Европа ќе присуствуваат на меѓународна манифестација за презентација на прва помош и одбележување на светскиот ден по прва помош.
Своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид ги продолжува со организирање на курсеви за обука по прва помош за возачи, како и за работни организации, водени од страна на лиценцирани инструктори за прва помош, а во наредниот период ќе започне со реализација проект за запознавање и учење за прва помош со најмладите од предшколските установи.