Ракометарите на Вардар забележаа убедлива победа над Вакер Тун со 37-24 (19-11), во четвртото коло, во Ц групата во Лигата на шампиони.


Македонскиот првак, до премиерната победа во Лигата на шампиони оваа сезона, стигна со сигурна, на моменти и егзибициска игра, против индиспонираниот домаќин.

Вакер Тун, рамноправен противник на Вардар му беше само во првите 10 минути, кога резултатот беше 4-4. Од тој момент Вардар направи најпрвин серија 6-0, а потоа како одминуваше натпреварот само ја зголемуваше својата предност.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Карачиќ и Душебаев со по шест постигнати голови, Дибиров и Брумен постигнаа по гол помалку, а Лазаров мечот го заврши со четири голови.

Следниот натпревар Вардар ќе го одигра на 14.ноември и тоа против градскиот ривал Металург.

„Макфакс“