Поранешниот трет тенисер на светската АТП листа, Австриецот Доминик Тим, ја забележа денеска првата победа на АТП турнир по пауза од 426 денови.

Тим во воведното коло на турнирот во шведскиот град Баштад триумфираше над Финецот Емил Русувуори со 3-6, 6-1, 7-6, во натпревар кој траеше два часа и 39 минути.

Австрискиот тенисер со тоа ја прекина низата од десет последователни порази на АТП турнири, од кои последните шест ги претрпе откако се врати на теренот по тешката повреда на зглобот.

Последната победа ја остварив во Рим 2021. Многу работи оттогаш се случија. Беше тешко, но, генерално добро искуство за животот. Среќен сум што победив, изјави Тим.

OhridNews