Екипата на Пелистер во вториот натпревар во Охрид ја забележа првата победа. „Зелено белите“ на Атина Бојаџи поуспешни беа од тимот на Ренова со 2-0. Претходно фудбалерите на Пелистер претрпеа пораз од Јавор 3-0.
На дождливото време во Охрид подобро се снајдоа фудбалерите на Пелистер, кои уште на стартот со голот на Петар Љамчевски поведоа со 1-0.
Во вториот дел двата тренери ги сменија речиси сите фудбалери на теренот. И „втората„ постава се покажа како подобра на Пелистер откако со голот на Ковачев ја запечатија победата.
Прволигашот од Џепчиште в петок со почеток во 12 часот ќе се сретне со третолигашот Младост од Царев Двор.
Мх.П.