Возбудувањата во Втората фудбалска лига продолжија со прекуредното 19 коло, што на програмата беше вчера.
Охридските второлигаши остварија значајни победи. Охрид го прекина постот и забележа три бода на „Билјанини извори“ во мечот со Аресими. „Сино – белите“ славеа со 2:0.
Победа оствари и екипата на Воска Спорт која славеше на гости кај Беса со 0:1.
Вардар и покрај финансиските проблеми продолжува со убедливите игри во вториот дел од сезоната. Вчера во Велес Борец – Вардар 0:3 Во дербито на колото Гостивар и Пелистер одиграа нерешено 1:1.
Во останатите средби: Детонит Плачковица – Кожуф 0:0, Каменица Саса – Слога Виница 1:0, Беласица – Плачковица Скопје (Локомотива) не се одигра.
Денеска се среќаваат Караорман и Тетекс.
Г.М.