На Универзитетот „Свети Апостол Павле“, утре е закажана одбраната на магистерскиот труд на инженер Љупчо Балески на тема: Интерконекциски мрежи за „Exaflop” сметачки системи со високи перформанси.

Инженерот Балески е воедно првиот постдипломец на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ кој ќе ја понесе титулата магистер по информатички науки и технологии.

Балески ќе го брани магистерскиот труд пред тричлената комисија составена од доцeнт д-р Драги Кимовски (претседател), проф. д-р Нинослав Марина и проф. д-р Елена Хаџиева (членови), информираат од Универзитетот „Свети Апостол Павле“.

OhridNews