На првиот Меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци, во категорија дуети младите хармоникаши Филип Гаврилоски и Томислав Нестороски во класа на проф. Наумче Џуклески  од ОМУ „Методи Патче“ ја освоија ПРВАТА награда во својата категорија, а денес ќе свират и на завршниот концерт на кој настапуваат само првонаградените ученици од секоја категорија.

Вечерва во просториите на ОМУ „Методи Патче“ со почеток во 19.30 часот ќе се одржи Седмоноемвриски концерт на кој ке настапат младите таленти на пијано,флејта,виолина, гитара и кларинет, а  ќе изведат дела од Моцарт, Бах, Чајковски ….

OhridNews