Тетоважата што на раката на охриѓанецот Сашо Топалоски ја наслика познатиот тату мајстор Митко -Tattoo, исто така од Охрид, ја освои првата награда на Интернационалната тату конвенција што викендов се одржа во Скопје.


На  конвенцијата, што ја организираше мото клубот „Ноќни волци“од Скопје, учество зедоа  голем број тату студија и артисти од Македонија, Србија, Бугарија, Русија и Германија.


Во силна конкуренција и оваа година тетоважите на охридскиот мајстор Митко – Тattoo привлекоа најголемо внимание, а потврда за неговата работа е повторното освојување на прва награда во категоријата „Realistic tattoo“, што интернационалните судии му ја доделија за тетоважата „Death Dealler„ која гордо ја носи Сашо Топалоски.

Ohridnews