Фудбалерите на Струга Трим Лум, го претрпеа вториот пораз во Првата македонска фудбалска лига, откако изгубија на гостувањето во Скопје од Вардар со 2-0 (0-0).

Стружани точно еден час оддолеваа на нападите од домашниот состав. Отпорот на „црвено белите“ го скрши Бразилецот Жунињо, кој во 60-та минута погоди за почетно водство на „вардарци“. Истиот фудбалер, осум минути подоцна повторно ја затресе мрежата на Струга Трим Лум и ја дуплираше предноста. Во 87-та минута, Даниел Аврамоски ги постави конечените 3-0.

Петтата рунда комплетно помина во знакот на домашните екипи. На преостанатите четири мечеви домаќините славеа и не им оставија ниту трошки на гостите.

Резултати: Шкендија – Работнички 3-0, Македонија ЃП – Борец 3-1, Шкупи – Силекс 1-0, Вардар – Струга Трим Лум 3-0, Академија Пандев – Ренова 2-0

Табела: Академија Пандев 13, Македонија ЃП 11, Вардар 10, Шкупи 8, Ренова 7, Струга ТЛ 7, Шкендија 4, Борец 4, Силекс 3, Работнички 3.

Двојки 6.рунда: Работнички – Македонија ЃП, Ренова – Шкендија, Шкупи – Вардар, Силекс – Борец, Струга ТЛ – Академија Пандев.

OhridNews
Фото: Екипа.мк