Пелистер по една година пауза се врати во Првата македонска фудбалска лига елиминирајќи го Хоризонт Турново со вкупен резултат 3-1 во бараж двомечот.
„Зелено белите“ со минимална победа 1-0 ја задржаа предноста (2-1) од првиот натпревар и го заверија враќањето меѓу елитата.
Човек на одлука во вториот меч за прволигашки живот беше Дејан Цветаноски кој погоди за победа на средината од вториот дел.
Пелистер заедно со Победа и Македонија Ѓорче Петров се новите членови во Првата лига од која отпаднаа Младост Царев Двор и Металург.
OhridNews