Екипата на Вардар со убедливи 3-0 го совлада Шкупи во Чаир и го запоседна врвот во елитата откако Шкендија одигра нерешено со Младост во Охрид 1-1.
„Вардарци“ со два погодоци во првиот дел успеаја да ја „стишат“ до сега невидената еуфорија во Чаир. Победата, „црвено црните“ ја заверија со трет гол во второто полувреме.
Новајлијата во Првата лига, Младост извлече бод во Охрид против Шкендија играјќи 1-1 иако имаше негатива.
Резултати : Младост – Шкендија 1-1, Шкупи – Вардар 0-3, Ренова – Хоризонт Турново 5-2, Силекс – Металург 3-1, Работнички – Брегалница 0-0.
Табела : Вардар 26, Шкендија 25, Силекс 16, Младост 13 (-1), Работнички 11 (-1), Брегалница 11, Шкупи 11, Ренова 9, Турново 9, Металург 5.
Мх.П.