Поранешниот македоски репрезентативец Срѓан Захариевски е нов фудбалер на актуелниот куп освојувач Металург.
Захариевски (37) доаѓа од редовите на Тетекс, а во својата фудбалска кариера четири пати ја освјувал титулата во Македонија со тимовите на Силекс и Вардар (по два пати), а има и три куп трофеи (два со Силекс, еден со Тетекс).
Покрај Штутгарт, членуваше и во португалскиот Кампомајоресе и грчките Докса Драма и Анагениси. За репрезентацијата имаше 22 настапа.
Тој ќе биде петтиот нов играч во Металург ова лето, откако претходно потпишаа младите Петар Љамчевски и Бојан Ѓорѓиевски и српските интернационалци Игор Павловиќ и Горан Драговиќ.
Управата на кубот очекува Захариевски да остане на Железарница до крајот на кариерата, а потоа да се приклучи и во стручниот штаб.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com