Дербито на колото пред 5.000 гледачи му припадна Пелистер кој по цела една деценија го совлада скопски Вардар (2-1). Први во водство дојдоа гостите преку Бајевски, битолчани израмнија преку Тодоровски, додека голот за водство и триумф го постигна Елмазовски во 63. минута. Уште една минимална победа на Работнички К, кој се намачи во дуелот со фенерџијата Башкими. Со својот првенец во дресот на лидерот Бобан Јанчевски обезбеди минимална победа од 1-0. Сигурна победа во Кратово извојува Силекс над Цементарница (2-0). Натков од пенал во првото и Дивајк во второто полувреме беа творци во победата на кратовчани. Милано и се реваншираше во иста мера на Македонија ЃП,з а поразот во првиот дел. Убедливи 3-0 за сигурно второ место. Се подалеку од опасната зона е Напредок кој во Кичево пред 2.500 гледачи ја совлада Ренова (3-1).
Прва МФЛ “Вози Мишко“

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com