Во отсуство на фудбалски клуб, арбитрите се амбасадори и промотори на Охрид во македонскиот фудбал.
За квалитетите на охридските арбитри говори тоа што секое коло се ангажирани, а често ги имаат и најтешките задачи.
Таква задача ќе има Стефче Шулески, кој ќе води „вечното“ дерби меѓу Вардар – Пелистер во 29-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
Натпреварот меѓу лутите ривали на „Филип Втори“ е еден од оние, кој ќе одлучува за шампионската титула сезонава.
Фото : „Спортмедиа“
Мх.П.