Некогашните македонските фудбалски брендови Вардар и Пелистер го допреа дното на прволигшката табела. Некогаш неприкосновените клубови, сега се “мачји кашаљ“ и народски речено кој стигна ги победи.


Металург е клубот кој последен го зеде скалпот на Вардар победувајќи со 1-0, благодарение на голот на Љамчевски на петнаесет минути пред последниот судиски свиреж. Поради двата жолти картони на Стојкоски “црвено- црните“ мечот го завршија со играч помалку.

Ренова со истиот резултат но како гостин славеше над Пелистер во Битола. Стрелец на победничкиот погодок беше Јанчевски на стартот на вториот дел. Турново ги приземји залетаните кратовци, откако во Кратово славеше со 2-0, нанесувајќи им го првиот пораз сезонава на домашен терен. 

Најефикасниот натпревар во оваа рунда се одигра во Штип, каде “сините“ со 4-2 го совладаа Напредок. Охриѓанецот Маркоски стрелеше прецизно за “ѓаолите“ но само за намалување на резултатот во тој момент за 2-1. Мандак на два пати, Велинов и Цветановски погодија за Брегалница, додека покрај Маркоски , за Напредок погоди и Вренцоски.

Натпреварот Тетекс – Шкендија е одложен, додека утре Работнички ќе го пречека Скопје.

Резултати : Металург – Вардар 1-0, Пелистер – Ренова 0-1, Брегалница – Напредок 4-2, Силекс – Турново 0-2.
Табела:

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 МЕТ Металург

12  15:7  22 
2 РЕН Ренова

12  12:6  22 
3 ШКЕ Шкeндијa

11  19:6  21 
4 ХОР Хоризонт Турново

12  14:12  19 
5 РАБ Рaботнички

11  14:10  18 
6 СИЛ Силекс

12  14:16  18 
7 ТЕТ Тетекс

11  11:8  17 
8 СКО Скoпje

11  10:9  16 
9 БРЕ Брегалница 2008

12  12:16  16 
10 НАП Нaпредок

12  12:13  15


11 ПЕЛ Пелистер

12  6:23 
12 ВАР Вардар

12  10  7:20 

Наредно коло:


Тетекс

    Пелистер

   
  Шкендија 79

  –   Брегалница 2008

   
  Напредок

  –   Работнички
   
  Скопје

  –   Металург

   
  Вардар

  –   Силекс

   
  Хоризонт-Турново

  –   Ренова

OhridNEws