Иако е пауза за натпревари, екипите во Првата македонска фудбалска лига се максимално ангажирани во зимскиот преоден рок.
После Пелистер кој официјално го назначи Димитар Капинковски за нов тренер, дилемите ги реши и Академија Пандев, ангажирајќи го Александар Васоски. Популарниот „тетовче“ во струмичкиот клуб се пресели од Вардар и потпиша договор на 18 месеци.
Мојата визија се поклопува со замислата на тимот и затоа најдовме заеднички јазик. Мојата цел е да им дадам шанса на младите фудбалери и во следниот период заедно да направиме тим кој ќе произведува домашни играчи. – изјави Васоски на промоцијата.
Промени на позицијата шеф на стручен штаб ќе претрпи и составот на Работнички. Клубот од Дебар маало го раскина договорот со Ратко Достаниќ. Во следниве неколку денови „романтичарите“ треба да го назначат наследник кој ќе ја стартува втората полусезона во Првата лига.
Академија Пандев првата етапа ја заврши на претпоследната позиција на табелата, додека Работнички финишираше на седмото место со биланс од 5 победи, 9 нерешени средби и 4 порази.
OhridNews