Актуелниот лидер во шампионатот скопски Вардар, го доживеа првиот пораз сезонава.

Виновник за прекинот на победничката низа е Македонија ЃП која минимално 1-0 со голот на Вашингтон го совлада тимот на Достаниќ.

Во Куманово, Милано на домашен терен го совлада Пелистер (3-1), додека во Кичево Ренова како гостин стигна до трите бода против Напредок (1-2). Новајлијата Металург стигна до првата победа откако на Железара го совлада Силекс (2-0). На отварањето на колото, актуелниот фудбалски шампион Работнички, го забележа шестото реми во седмиот натпревар сезонава. Победа на Градски остана непоразена играјќи (2-2).


ТАБЕЛА

тим игр. поб. нер. изг. + бод.
Вардар 6 5 0 1 16 5 15
Македонија Ѓ.П. 6 4 2 0 16 4 14
Ренова 6 4 1 1 8 5 13
Милано 6 3 1 2 11 8 10
Работнички 7 1 6 0 8 7 9
Пелистер 6 2 1 3 8 11 7
Победа 7 2 1 4 7 17 7
Силекс 7 0 5 2 2 5 5
Металург 7 1 2 4 4 8 5
Хоризонт Турново 6 1 2 3 4 10 5
Напредок 6 0 3 3 5 9 3

Наредно  8 коло (5.10.2008)
Пелистер –  Силекс    
Победа   –   Металург    
Вардар    –  Хоризонт Турново    
Ренова  –    Македонија Ѓ.П.    
Милано  –    Напредок
 

М.П.