На стадионот „Атина Бојаџи“ со почеток од 13 часот екипата на Вардар против Еуромилк ќе се сретне во 13-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Во овој дуел „црвено црните“ ќе влезат како првопласирани на табелата додека „млекарите“ кои ова за нив е прва сезона во елитата ќе стартуваат од осмата позиција.

Мечот помеѓу скопските противници ќе го суди тетовчанецот Јосип Бартон, а ќе му помогаат Иса Емурли и Небошја Ѓоргијевски.

Мх.П.