Лидерот на табелата Вардар во Охрид со минимални 1-0 го совлада Младост во 11-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.


„Црвено црните“ до полниот плен на „Атина Бојаџи“ стигнаа со сомнителен пенал во последните минути од првиот дел.


„Везистот“ Коњарски според главниот судија Сејменов недозволено стартуваше над Асани. Сигурен егзекутор на ударот од белата точка беше Луис Филепе откако го испрати голманот Петровски на спротивната страна.


Со висок пресинг во вториот дел гостите од Скопје ја задржаа минималната предност и ја забележаа деветтата победа сезонава.


Фудбалерите на Младост веќе петти натпревар не знаат за победа, а во следното коло гостуваат во Скопје кај тимот на Работнички. 

Резултати : Младост – Вардар 0-1, Силекс – Турново 1-1, Работнички – Ренова 1-1, Шкендија – Металург 2-0, Шкупи – Брегалница 0-0

Мх.П.