Фудбалерите на Вардар стигнаа до петтата победа во исто толку натпревари во новиот македонски шампионат.
Црвено – црните до новата „тројка“ во првенството стигна откако на полувремето ги “испеа“ тренерот Достаниќ, по што заиграа поангажирано и подисциплинарано што на крајот резултираше со убедлива 4-2 победа.
Први во водство дојдоа гостите преку Левков. На стартот на вториот дел израмна Глигоров, пресвртот го најави Милисавлевиќ, додека на 3-1 зголеми Баевски. Гостите преку Ставрески го направија интересн финишот, но по црвениот картон на Трпеноски јасно беше дека трите бода ќе останта на Градски. точка на мечот стави најдобриот стрелц во лигата Бобан Јанчевски.
Денес на прогрмата:
Битола : Пелистер-Металург
Кратово : Силекс – Работнички
Прилеп : Победа – Хоризонт Турново
Тетово : Ренова – Милано
Слободна е екипата на Македонија Ѓ.П.
М.П.