Со два бода предност пред Шкендија влегува во мечевите од разигрувањето актуелниот македонски првак Вардар . По ремито 1-1 во денешната „еден-два“ пресметка “црвеноцрните “ќе ја имаат предноста од домашен терен во одлучувачките мечеви против конкурентите. Домаќините дојдоа во предност со голот на Фелипе во 35. минута, а изедначи Арменд Алими неколку минути подоцна.

Резултати: Вардар – Шкендија 1-1, Ренова – Металург 4-1, Брегалница – Работнички 2-1, Хоризонт – Силекс 2-1,Младост – Шкупи 0-1.

ТАБЕЛА: Вардар 65 бода, Шкендија 63, Силекс 40, Шкупи 38, Работнички 36, Брегалница 33, Хоризонт Т. 33, Ренова 31, Младост ЦД 16, Металург 16 бода.