Вардар го совлада Работнички со 2-0 и се искачи на врвот на табелата во Првата Македонска фудбалска лига. Покрај Вардар таму е уште и Шкендија која со 3-1 го совлада Пелистер.


Дербито беше одлучено во вториот дел со головите на Шпанецот Хименез и најдобриот стрелец во лигата Јован Костовски.

Тетовските “црвено-црни“ со пресврт го совладаа Пелистер, кој поведе со голот на Главески на стартот на мечот. До крајот на првиот дел Положани, Неџипи и Ејупи ја тресеа мрежата на битолчани.

Металург уште еднаш потфрли пред своите гледачи ремизирајќи 1-1 со претпоследниот Силекс. На ремито му кумуваше и црвениот картон на Далчески во 38 минута од мечот.

Напредок ја победи Ренова со 2-0 благодарение на головите на Балажи и Вренцоски. Брегалница по втор пат сезонава ја совлада Дрита, овој пат со 3-0.

Eдинствениот меч без голови го одиграа Турново и Тетекс 0-0. Гостите во последните минути од мечот имаа играч повеќе по исклучувањето на голманот на домашните Димоски, но не успеаа да профитираат.

Резултати:

Х. Турново – Тетекс 0-0
Работнички Вардар 0-2
Шкендија – Пелистер 3-1
Металург – Силекс 1-1
Напредок – Ренова 2-0
Брегалница – Дрита 3-0


Табела : Вардар 24, Шкендија 24, Хоризонт 23, ……