Екипата на Шкендија го совлада Вардар со 2-1 во дербито од 29-та рунда во Првата македонска фудбалска лига кое се одигра без гледачи во Тетово.
Домаќините со триумфот ставија точка на серијата без победа против фудбалерите на Вардар во националниот шампионат.
Шкендија резултатот го отвори во 15-та минута преку Меџедовиќ, а гостите пред крајот на првиот дел со голот на Џонатан Балотели изедначија 1-1.
Во 64-та минута Бесарт Ибраими со ефектен погодок донесе ново водство за домаќините. Истиот фудбалер до финишот на мечот погоди уште еднаш преку … и ја завери победата на тетовчани над големиот ривал.
И покрај поразот „вардарци“ имаат двоцифрена бодова предност од Шкендија која шансата за трофеј ќе ја бара во Купот на Македонија, каде игра во финалето со Пелистер.
Резултати: Брегалница – Пелистер 1-1, Шкендија – Вардар 3-1, Победа – Силекс 0-0, Македонија ЃП – Ренова 0-3, Работнички – Шкупи.
Табела: Вардар 68, Шкендија 58, Работнички 47 (-1), Ренова 41, Пелистер 41, Силекс 37, Шкупи 29 (-1), Победа 24, Брегалница 20, Македонија ЃП 19.
OhridNews