Лидерот на табелата во Првата лига, Вардар ја зголеми бодовната предност, откако славеше со 2-0 во дербито со Шкендија во Тетово.
Скопските „црвено црни“ бодовите од елитното супер дерби ги осигураа со по еден гол во двете полувремиња. Резултатот во првиот дел го отвори Стефан Спировски додека во вториот прецизен беше Никола Глигороски.
После овој триумф фудбалерите на Вардар се одлепија пет бодови од Шкендија која се наоѓа на втората позиција на табелата, но има и натпревар помалку.
Резултати: Брегалница – Пелистер 0-0, Македонија ЃП – Ренова 3-1, Победа – Силекс 1-1, Работнички – Шкупи 3-1, Шкендија – Вардар 0-2.
Табела: Вардар 25, Шкендија 20 (-1), Работнички 19, Пелистер 16, Ренова 15, Силекс 11, Шкупи 10 (-1), Победа 10, Македонија ЃП 9, Брегалница 8.
Фото: Екипа.мк
OhridNews