„Црвено црните“ на „Филип Втори“ со минимални 1-0 ја совладаа штипска Брегалницa во 12-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.


Со триумфот, лидерот на табелата ја продолжи победничката серија и запиша нови три бодови во походот кон титулата.

Охриѓанецот Ристе Маркоски настапи 71 минута во поразот додека Сашо Ѓорески не беше во составот на Брегалница на гостување во Скопје.

Резултати : Вардар – Брегалница 1-0, Тетекс – Работнички 1-5, Х. Турново – Шкендија 0-1, Металург – Пелистер 0-0, Ренова – Силекс 2-2.

Табела : Вардар 30, Работнички 22, Шкендија 21, Металург 18, Силекс 18, Пелистер 17, Турново 15, Ренова 13, Брегалница 8, Тетекс 2.

Фото : Екипа.мк
Мх.П.