Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар запиша нови три бодови откако пред своите гледачи со 4-0 ја преслуша штипска Брегалница.


„Црвено црната“ рапсодија на националната арена ја најави капитенот Бобан Грнчаров со погодок во шестата минута. После половина час домаќините со голот од пенал на Хуан Филипе ја дуплираа предноста.

Дилемите околу победникот домаќините ги разрешија во 59-та минута кога Ховханес Хамбурџумјан погоди за 3-0, а печат на убедливиот триумф стави Грнчаров со вториот погодок на мечот.

Со овие три бодови „вардарци“ се одлепија на осум бодови од второпласираната Шкендија која има меч помалку.

Фото: Екипа.мк
OhridNews