Фудбалерите на Вардар ја декласираа тетовска Шкендија во големото дерби од Првата македонска фудбалска лига совладувајќи ја со 3-0.


Тетовските „црвено црни“ на „Филип Втори“ против големиот ривал за титулата не ја повторија играта од европските мечеви и добија вистинска лекција по модерен фудбал.

Гол серијата на „вардарци“ ја почна Глигоров во првиот дел, а во вториот ја продолжија Балотели и Којашевиќ.

Резултати: Пелистер – Брегалница 3-0, Ренова – Македонија ЃП 1-0, Шкупи – Работнички 0-1, Силекс – Победа 2-1, Вардар – Шкендија 3-0.

Табела: Пелистер 6, Работнички 6, Вардар 4, Ренова 4, Силекс 3, Шкендија 3, Шкупи 1, Брегалница 1, Македонија ЃП 0, Победа 0.

OhridNews