Водечките во Првата лига, Вардар и Силекс прокнижија нови три бодови победувајќи ги Металург односно Ренова со минимални 1-0 пред своите гледачи во четвртата рунда од шампионатот.
И двете екипи победничките погодоци ги постигнаа во првиот дел со удар од белата точка. За „црвено црните“ прецизен беше Дејан Блажевски додека за победа на кратовчани погоди Недељковиќ.
Резултати : Вардар – Металург 1-0, Силекс – Ренова 1-0, Шкендија – Брегалница 5-1, Шкупи – Хоризонт Турново 1-0, Младост – Работнички (одложена).
Табела : Вардар 10 бода, Силекс 10, Шкендија 9, Шкупи 6, Хоризонт Т. 5, Работнички 3 (-2), Брегалница 3, Младост ЦД 3(-1), Металург 1, Ренова 0 (-1).
Фото : Архива
Ohridnews