Екипата на Вардар мечот против Еуромилк од 13-та рунда во Првата македонска фудбалска лига ќе го одигра во Охрид.
“Црвено црните“ ги менуваат стадионите на кои се домаќини поради реконструкцијата на теренот на „Филип Втори“.
Ова на нема да биде прв пат сезонава Вардар да игра во Охрид откако на „Атина Бојаџи“ се сретнаа во Металург во 1/8 финалето од Купот на Македонија.
Тогаш избраниците на стратегот Боби Милевски победија 2-1, но не продолжија понатаму поради правилото „гол во гости“. Натпреварот во Охрид е закажан за 13:00 часот.
Мх.П.