Лидерот на табелата во Првата лига, Вардар без најдобриот стрелец во екипата Дејан Блажевски ќе атакува на трите бодови во Охрид против составот на Младост Царев Двор.


Голгетерот на „црвено црните“ ги оштетил лигаментите на коленото, за што е потребна операција. За среќа на Блажесвки лигаментите не се скината, но оштетувањето е големо.

– Можев да играм, но со постојани болки во коленото. Во консултација со клупските доктори одлучивме да одам на операција. Паузата ќе зависи од рехабилитацијата која може да трае 5-5 месеци, а и повеќе. – изјави Блажевски.

Во 22-та рунда од елитата покрај Младост Ц.Д. и Вардар силите ќе ги одмерат Работнички – Ренова, Шкупи – Силекс, Металург – Шкендија, Брегалница – Турново. 

Фото: Спортмедиа.мк
OhridNews