Тимот на Вардар забележа нова победа во македонскиот фудбалски шампионат совладувајќи го составот на Струга Трим Лум со минимални 1-0 (0-0) на Националната арена „Тодор Проевски“.
„Црвено црните“, потешко од очекувањата го скршија отпорот на стружани, кои, во Скопје дојдоа со цел да стават точка на лошите резултати. Нападите на домаќините, вродија со плод во второто полувреме, откако во првиот дел гостинските фудбалери играа добро во одбрана и ја зачуваа мрежата. Клучот за струшкиот бедем го најде дефанзивецот Евгенија Новак во 71-та минута. Дефанзивецот со глава ја погоди целта после нафрлувањето од корнер на Мицевски.
Со трите нови бодови, водечката екипа во Првата лига Вардар се одлепи десет бодови од второтопласираниот Силекс додека Струга Трим Лум осамна на дното со голема неизвесност околу иднината во елитата.
Резултати:
Вардар – Струга ТЛ 1-0
Шкендија – Работнички 0-1
Шкупи – Силекс 1-1
Македонија ЃП – Борец 0-2
Академија Пандев – Ренова 0-1
Табела: Вардар 46, Силекс 36, Шкендија 35, Ренова 31, Шкупи 29, Македонија ЃП 29, Академија Пандев 28, Работнички 28, Борец 28, Струга ТЛ 25
OhridNews