Екипата на Пелистер претрпе пораз и голем удар во шампионските амбиции откако пред своите гледачи беа совладани од Металург 3-1.
Гостите од Скопје немилосрдно ги казнија промашувањата на домаќините кои при резултат 0-0 не искористија удар од белата точка.
Радевски и Пеев во првиот дел ја погодија мрежата на Пашовски, а во вториот прецизен беше Вујовиќ. Почесниот погодок за „чкембарите“ го постигна Љубенов.
По двата поразија во низа Пелистер го предаде врвот во Првата лига, кој неколку кола љубоморно го чуваше.
Резултати : Пелистер – Металург 1-3, Работнички – Гостивар 3-0, Х. Турново – Напредок 4-0, Еуромилк – Шкендија 0-2, Вардар – Ренова, Брегалница – Македонија ЃП.
Мх.П.