Второпласираната екипа на табелата во Првата лига, Шкупи го пополни празното место шеф во стручниот штаб, ангажирајќи го Хасан Озан.

46-годишниот Озан во Шкупи доаѓа на местото од сонародникот Умит Каран кој не ја почна но ја заврши есенската полусезона во македонска фудбалска елита. Озан на „Чаир“ ќе има задача да го склопи мозаикот наречен титула, во спротивно и тој ќе заврши како неговиот сонародник Каран.

Шкупи заостанува шест бодови во однос на Шкендија, која со 39 поени прв низ целта ја помина есенската полусезона.

Струга зимска база на Пелистер

Битолски Пелистер утре (петок) ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона во Првата лига. „Зелено белите“ две седмици ќе работат во Битола, а потоа ќе се преселат во Струга, каде ќе ги имаат финалните подготовки за продолжението од сезоната.

„Пелистерци“ во Струга и Охрид ќе одиграат неколку контролни натпревари, низ кои ќе треба да ја избрусат формата за втората етапа во Првата лига.

Битолчани своите редови ги засилија со охриѓанецот Дарко Размоски и Ристе Илијовски, а карта во еден правец добија Фазлиу, Стојановски, Хот и Кордоба.

OhridNews
Фото: Архива