Избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески претрпеа неочекуван пораз 1-0 од “фенерџијата“ на табелата Тетекс. Стрелец на победничкиот гол за “штофарите“ беше Мирослав Јованоски во првиот дел.
На останатите натпревари Металург ја совлада Дрита со 2-1 додека Шкендија во неизвесен меч со 3-2 славеше триумф во Кратово против Силекс.
Резултати : Вардар – Брегалница 3-0, Ренова – Работнички 3-1, Тетекс – Напредок 1-0, Силекс – Шкендија 2-3, Дрита – Металург 1-2.
Табела : Вардар 45 бодови, Турново 40, Металург 38, Напредок 35, Шкендија 35, Ренова 31, Работнички 30, Брегалница 28, Пелистер 24, Дрита 24, Силекс 18, Тетекс 16.