Екипите на Хоризонт Турново и Пелистер се нови лидери на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани во мечот со Шкендија одигран во Тетово ремизираше без голови 0-0 додека Турново со 4-0 ја совлада Ренова.

Поради временски неприлики одложен беше мечот во Гостивар меѓу истоимената екипа и актуелниот првак Вардар.

Резултати : Брегалница – Еуромилк 1-1, Металург – Македонија ЃП 1-0, Шкендија – Пелистер 0-0, Турново – Ренова 4-0.

Мх.П.