Три победи на петте меча за домаќините во некомплтеното 17 коло од првата македонска фудбалска лига.
Тимот на охриѓанецот Драган Бочески, Напредок ја прекина серијата порази и минимално со 1-0 го совлада Турново . Стрелец на единствениот гол беше Цветаноски во последната минута од првиот дел.
Работнички ја прекина серијата од осум порази откако со убедливи 3-1 славеше над “фенерџијата“ 11 Октомври . Петковски , Савиќ и Маневски погодија за “романтичарите“, а поразот го ублажи Гешовски
Без победник 1-1 заврши дерби пресметката меѓу Силекс и Вардар. Лико го доведе “црвено-црниот“ тим во предност, која ја анулираше Јовановиќ во финишот на мечот.
Штипска Брегалница ја продолжи победничката низа, а нова жртва беше Тетекс. Здравков во првото и Стојанов во вториот дел погодија за “сините“ за 2-0 триумф.
Ренова и десетчлениот Металург ги подлија бодовите играјќи 1-1. Скопјани во 11 минута, останаа со играч помалку по исклучувањето на Кралевски , сигурен реализатор од белата точка беше Јанчевски. Во финишот на мечот по кардиналната грешка на домашниот голман Илијески го изедначи резултатот.
Колото ќе биде заокружено со мечот Охрид – Шкендија во понеделник.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com