Само еден бод за гостите во четирите мечеви одиграни попладнево во Првата Македонска фудбалска лига. Честа на гостите ја спаси Вардар кој извлече реми без голови 0-0 на гостувањето во Кратово, кај Силекс.


Тетовското дерби и припадна на Шкендија која со 4-1 го совлада Тетекс. Положани, на два пати Ејупи и Неџипи беа стрелци на головите за “црвено- црните“, додека почесниот гол за “сините“ беше дело на Митревски. “Штофарите“ од 68 минута играа со играч помалце по исклучувањето на голмано Георгиевски.

Митров и Стојанов беа стрелци на головите за Брегалница во 2-0 триумфот над Работнички.Во Битола , Пелистер со 3-1 ја совлада Ренова. Двоен стрелец беше Главески, еднаш погоди Димитровски, додека за “гипасирите“ прецизен беше Андонов.

Резултати: Силекс-Вардар 0-0, Пелистер-Ренова 3-1, Шкендија-Тетекс 4-1, Брегалница-Работнички 2-0, вчера Металург – напредок 3-2, Дрита – Турново 0-0.

Табела: 1. Вардар 16, 2. Хоризонт Турново 14, 3. Металург 12, 4. Ренова 11, 5.Шкендија 11. 6. Работнички 10, 7. Напредок 10, 8. Брегалница 10, 9. Пелистер 10 , 10. Дрита 8, 11. Силекс  4, 12. Тетекс 3.