Со дербито во Битола меѓу Победа и Пелистер кое заврши во корист на „зелено белите“ 2-0 започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Победа својот меч со Пелистер поради реконструкцијата на стадионот во Прилеп го одигра во Битола, a „гостите“ го искористија домашниот терен и стигнаа до првите бодови.
„Зелено белите“ првиот погодок го постигнаа во 76-та минута преку бразилскиот интернационалец Лукас кој во игра влезе од клупата. Печат на победата во судиското продолжение стави Антонио Бујчески.
Во истиот термин својот прв меч го одиграа Брегалница и Ренова, а бодовите ги поделија ремизирајќи 1-1.
Денешната програмата од првото коло во елитата ќе се комплетира со мечот меѓу Вардар и Шкупи кој ќе се одигра во Струмица.
OhridNews