Екипата од Дебар маало ќе преноќи на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига. „Романтичарите“ на домашен терен во трилер натпревар го совлада кичевски Напредок 4-3 и го запоседна првото место.

 

Херој на Работнички беше Борче Маневски, кој постигна три погодоци, а четвртиот беше дело на Милушѓев. Головите за „ѓаволите“ ги постигнаа Балажи, Цветаноски и Мојсовски.

18-та рунда до елитната фудбалска лига ќе се комплетира со натпреварите Шкендија – Пелистер, Гостивар – Вардар, Металург – Македонија ЃП, Брегалница – Еуромилк, Турново – Ренова.

Мх.П.